Дионтеј Вајлдер наскоро ќе донесе одлука за следната борба

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, последниот меч го имаше во октомври минатата година, кога го демолираше и нокаутира Роберт Хелениус во првата рунда во Баркли центарот во Бруклин.

Во текот на изминатиот месец многу се зборуваше за неговата потенцијална борба против поранешниот шампион Ентони Џошуа во декември во Саудиска Арабија.

Бронзениот бомбардер беше поврзуван и со Енди Руиз Јуниор во елиминаторски меч за појасот на ВБЦ, при што победникот добива шанса да се бори со Тајсон Фјури.

Тренерот на Вајлдер Малик Скот неодамна откри дека Дионтеј нема да чека долго и наскоро треба да донесе одлука за следната борба.

„Апсолутно сакам Деонтеј да има барем една борба до декември и тоа не е тајна. Енди Руиз е во комбинација. Сè може да се случи. На чекор сме до клучна одлука за продолжување на неговата кариера“, изјави Малик Скот и додаде:

„Доколку Дионтеј не се бори до декември, би требало да добие исклучително висока отштета. Ако треба само да го чека мечот до крајот на годината, тогаш треба некако да се обештети и тоа обештетување мора да биде многу, многу добро. Тоа значи дека пропушта многу добри можности и натпревари кои можат да му донесат добра заработка. Дионтеј треба да добие голема компензација за ова“.

Тренерот откри дека Вајлдер наскоро ќе донесе одлука за следната борба.

„Саудијците го разбираат бизнисот, така што тоа не би требало да биде проблем. Но, не сакаме само да чекаме до крајот на летото за да потпишеме нешто. Дионтеј сака повторно да боксира што е можно поскоро. Наскоро ќе донесат одлука, тоа сигурно ќе се случи до крајот на следниот месец“, подвлече Малик Скот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО