Зоран Пејов: Шихан Като работеше изворни јапонски техники на „карате до“ во Охрид

Zoran Pejov i Kato

Викендов во Охрид уште еден голем мајстор на каратето одржа семинар, шихан Садашиге Като, носител на масјторски појас 9 дан.

Zoran Pejov i kato 2

„На семинарот се работеа изворни јапонски техники на карате до“, вели карате мајсторот Зоран Пејов од КЦ „Пејов“ од Скопје, кој пред дваесетина дена учествуваше и на семинарот на Масао Кагава, актуелниот селектор на јапонската карате репрезентација и претседател на Техничката комисија на ВКФ.

Според Пејов, Като извонредно демонстрирал како треба да се работат некои борбени техники, а тој достојно го претставил шотокан стилот и вештината што ја негува неговиот клуб со беспрекорна изведба!

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО