Хабиб се подигрува со Алварез: Клекни на колена пред Конор и моли го за меч

Habib Nuramagomedov se raduva

Еден од главните претенденти за титулата на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, се обидуваат да си издејствува меч со актуелниот шампион Еди Алварез, а за таа цел, се уште непоразениот Русин, не престанува со активностите и на социјалните мрежи.

И овој пат Хабиб „експлодира“ на својот Твитер профил, исмејувајќи го Алварез за неговата желба да се бори со Конор Мек Грегорr и опипливо да си ја наполни банкарска сметка.

„Орелот“ не спаси со мислењето за ова прашање, нарекувајќи го Алварез „bullshit champion“, и побара од него да клекне на колена пред Мек Грегор и да го измоли за средба, ако е тоа неговото вистинска желба.

„Престани да зборуваш глупости Алварез, едноставно, клекни на колена и моли се на Конор да се бори со тебе“, напиша Хабиб на Твитер, додавајќи хаштаг „bullshit champion“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО