Да се занимавате со боречките спортови под соодветна професионална и стручна контрола кај децата доведува до:
- правилен раст и развојна коските и мускулите
- развој на моторички способности и координација на движење
- зајакнување на одбранбените способности на вашето тело
- подобрување на циркулацијата
- подобрување на размена на материи во организмот (метаболизам)
- ефикасно елиминирање на штетните материи во организмот
- правилнo формирање и созревање на личноста кај децата.
Преку изборот да се занимаваат со боречки вештини кај децата дополнително придонесува за:
- самодоверба
- издржливост
- дисциплина
- самоконтрола
- чувство за правда
- почит кон себе и другите
- здрави животни навики.
Вклучувањето на децата во ваква организирана спортска активност, особено оние кои се занимаваат со боречки вештини го намалува ризикот и од:
- социјално-патолошки појави
- криминално однесување
- проституција
- конзумирање на алкохол
- конзумирање на опојни дроги
- и уште многу други девијантни појави.
Пишува: м-р Дејан Мицкоски – тренер 2 дан во ЏК Сеишин