Третиот меч меѓу Фјури и Вјалдер е пред пропаст

Трет меч меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури можеби и нема да има. Ова го објави извршниот директор на Топ ранк, Боб Арум. Појавата на КОВИД-19 и континуираната неизвесност во светот го доведува во прашање дуелот кој се сметаше за сигурен.

„Имаме договор со Вајлдер за трет меч. Требаше да ја презакажеме средбата за октомври, бидејќи јули беше прерано. Но, којзнае дали можеме да организираме дуели во октомври пред публика “, почна Арум.

„Без сериозни приходи од билетите, што ги остваривме од последниот меч – 17 милиони долари, не знам како би го направиле. Имаме и друг проблем – забраната за патување. Во моментов Фјури е во Велика Британија, а Вајлдер е во САД. Треба да откриеме како Фјури ќе се врати во Америка по забраната за патување.

Што треба да направи? Да го преплива Атлантикот? Да зборуваме за борба Фјури – Вајлдер е се уште избразано. Додека не разбереме како ќе се развие оваа ситуација “, додаде промоторот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО