Злато и две сребра за џудистите на Преспа во Солун (ФОТО)

Џудистите на Преспа освоија еден златен и два сребрени медали на Меѓународниот турнир „Филипос Аминте“ одрза во Солун на 20 април.

Македонија ја претставуваше само ЏК Преспа, а медалите ги освоија:

Лилјана Недановска – до 57 кг- златен
Емилија Поповска – до 48 кг- сребрен
Ангела Боровичанин до 44 кг – сребрен

„Димитар Тасевски прикажа одлични борби во сениорска категорија, за жал, во мечот за бронзениот медал беше поразен. Нашите преставници прикажаа одлични борби“, велат од Преспа.

Овој турнир се смета за еден од најсилните кој се одржува во ова време, затоа што има преставници од Грузија, Украина, Ерменија, Словачка, Ирска, Русија, Турција, Србија, Косово, Бугарија, Италија, Грција, Израел, Кипар, Романија и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО