Сребрен медал за Столе Ефтимов на Државниот шампионат во Бугарија (ФОТО)

Столе Ефтимов го освои сребрениот медал на Државниот лично-тимски шампионат во слободно стил во Ловеч-Бугарија, во категоријата до 86 килограми во јуниорска конкуренција.

Ефтимов настапи за НСА Академик од Софија, бидејќи таму студира. Столе во финалето загуби од Мерт Славов од Хасково.

За борачот од Кочани ова е убав успех.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО