Емилијаненко се испокрши пагајќи од велосипед и ја одложи борбата (ФОТО)

Александар Емилијаненко требаше на 10 мај да се врати во октагонот на настанот „Битката за Волга 11/Battle for Volga 11“. Братот на Федор Емилијаненко требаше да се бори против поранешниот борец на УФЦ, Луис Енрике де Оливеира. Тоа сепак нема да се случи и враќањето на Александар се одложи, бидејќи се повреди возејќи велосипед.

„Мојот пријател Виктор организира двочасовен тренинг со велосипеди! Го издржав товарот, но поради неспособноста да возам велосипед се испокршив. Битката што требаше да се одржи во Самара е одложена“.

https://www.instagram.com/p/Bwiz81fHpZD/?utm_source=ig_embed

Емелијаненко се врати во ММА пред две години, по излегувањето од затвор. Забележа пет последователни победи со нокаут и една нерешена борба, тоа се случи во последната битка против Тони Џонсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО