Златко Петровски: Публиката е многу гласна, а тоа ме мотивира да победам!

Zlatko Petrovski na NAGA

Златко Петровски е единстевниот црн појас во бразилско џиу џицу кој живее во Македонија. Црниот појас го има стекнато во САД, а две и нешто години е во Велес во ММА центарот „Будо“. Петровски во сабота ќе настапи на Фајт најт чемпион 3 настанот во Велес против Арнес Мујезиновиќ од Босна и Херцеговина во категоријата до 77 килограми.

Zlatko Petrovski vo Budo Veles

Ти си единствениот црн појас во бразилско џиу џицу кој живее во Македонија. Каде се стекна со црн појас?

-Тренирав со екипата „Волф пек“ во САД, а на 8 годишна возраст почнав да се занимвам со бразилско џиу џицу, во континуитет околу 13 години.

Како ве прифаќаат во Македонија како прв мајстор во БЏЏ?

-Без исклучок, сите се добро се однесуваат кон мене и имаат голема почит.

Zlatko Petrovski pobednik

Каков е интересот во Велес за БЏЏ?

-Има многу луѓе кои сакаат да научат БЏЏ, но неколкумина навистина го сакаат тоа. БЏЏ е тешко за некој кој никогаш не се обидел користите школки во БЏЏ, никогаш нема да го користите во животот.

На Фајт најт чемпион 3 во Велес се вбројуваш меѓу главните македонски фаворити. Што може да очекуваме од средбата со Арнес Мујезиновиќ?

-Мојот противник, од она што можев да го видам на Јутјуб е неверојатен кикбоксер.Тој е силен со кимоно во БЏЏ и во партер.

Мислам дека ќе има неверојатна претстава на најдобрите борци од Европа што ќе се борат на 24 октомври. Македонија никогаш не видела ваков настан.

Zlatko petrovski Diploma za crn pojas

Промоторот Хрвое Зноар вели дека сте еден од послините македонски борци. Ви годи ли тоа?

Секако, ме прави среќен и сум среќен што Раде Стефановски ми даде шанса да ги покажам моите вештини во БЏЏ. Исто така, ММА настапот без негова помош немаше да е можен за мене.

Досега дали имаше ММА борби?

– Во ММА има забележано три победи од три борби, а две од нив беа во Америка, третата во Велес 2013 година.

Што мислиш за велешката публика?

-Многу ги сакам велешани, тие му дваат помпезност на настанот. Публиката е доста гласна, а тоа потребната  мотивација да победа.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО