Златко Димоски е назначен за главен карате тренер на Западна Австралија

Нашиот истакнат карате тренер, Златко Димоски, кој живее и работи во Австралија, и кој имаше истакнати успеси со македонскиот ката тим во женска конкуренција доби ново признание во австралиското карате.

Димоски не информира дека пред една недела е назначен за главен карате тренер на Западна Австралија, при што тимот го комплетира со шест помошници.

„Така, следните три години сум лидер коуч за Западна Австралија и мандат за национален тренер за цела Австралија, кој ми е продолжен (бев од јануари 2018 до 2021). Сега сум на двете позиции во следните три години и на цела Австралија и на Западна Австралија“, рече Димоски и додаде:

„Почнавме со Премиер лиги, Маријана Димоска (ќерака му) од нула се искачи на 68 место кај сениорките во ВКФ со четирите победи во Џакарта, каде што се бореше за бронза со Јапонката, актуелна светска првенка во У-21 и трите во Атина. Мишела (ќерката близначка) не настапи и во Џакарта, а имаше една ловреда во Атина. Со тимот се спремаме за Светското првенство во Будимпешта. Требаше да одиме во Серија А во Коња, но планираме за Јапонија, Кипар, Ванкувер, Океанија во Нов Зеланд и Пацифичките игри во Сомоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО