Вардар освои осум медали на Државното првенство за млади сениори (У-23)

Борачите на Вардар вчера имаа одличен настап на Државното првенство за млади сениори У-23 во Радовиш, се бореа во дури четири финалиња, а освоија три златни медали.

Златните медали ги освоија: Аид Салихаси (57 кг), Адам Модосјан (86 кг) и Бојана Лазаревска (-72 кг).

Сребрен медал освои Марко Поповиќ (79 кг), а со бронза се закитија Марко Андонов (70 кг)  и Љупче Митев (79 кг).

Во категоријата 92 кг Стефан Митев дојде до 5.место.

Во екипна конкуренција Вардар го освои одличното 3.место зад тимовите на Лирија и Бучим. Во женска конкуренција вардарки се трети, каде што првопласирана е екипата на 7 Мај Златна рака, а втора е Вардар 1961.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО