ЖСП повторно оди во пензија

Жорж Сент Пјер (26-2, 20-2 УФЦ) планира уште еднаш да се повлече.

37-годишниот Канаѓанец за четврток најави прес-конференција, а тамошните медиуми јавуваат дека на неа ќе објави дека ја завршува кариерата.

Како причина за повлекувањето ја невдува е неможноста да постигне договор за борба со УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов.

ЖСП без сомнение е еден од најголемите ММА борци на сите времиња.

Беше двократен УФЦ првак во велтер категорија со девет одбрани на титулата во второто владеење.

Прв пат се пензионираше во ноември 2013 година, по победата над Џони Хендрикс со поделена одлука.

Се вратил четири години подоцна и во Њујорк го совлада Мајкл Биспинг во борба за титулата на УФЦ во средна категорија.

Набрзо ја ослободи титулата.

Легендарниот канадски борец држи неколку рекорди во УФЦ: има 13 победи во борбите за титулата, најмногу победи со судиска одлука во историјата на УФЦ (12), најмногу соборувања во историјата (90), како и рекордни 9 одбрани на титулата во велтер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО