Хабиб го моли ЖСП: Пензионирај се по борбата со мене!

Откако се појавија информации дека Жорж Сент Пјер во четврток на прес-конференција ќе објавуви повлекување се јави Хабиб Нурмагомедов.

Вестите од Канада велат дека ЖСП се одлучил на овој чекор бидејќи не успеал да договори борба со шампионот на УФЦ во лесна категорија.

Хабиб му порачува дека се уште ништо не е изгубено и пред пензионирањето да ја одработи борбата со него.

„Ајде да го сториме тоа во ноември. По нашата борба може да се пензионираш. Пораснав на твоите борби и немам ништо друго освен почит спрема тебе и верувам Жорж дека тоа ти го покажав тоа кога беше во Москва. За мене би било чест да го споделам октогонот со еден од најголемите борци на сите времиња“.

Нурмагомедов сака борбата да се одржи на 70 кг и со тоа да му даде шанса на ЖСП да стане единствениот шампион во УФЦ во три категории. Но, бидејќи есвесен дека Канаѓанецот никогаш не се борел на таа килажа, подготвен да се согласи на тежина од 72,6 килограми.

https://www.instagram.com/p/BuHLDHDgvil/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО