Жорж Сент Пјер: Никој не е роден кој може да се нарече најголем во ММА

Поранешниот шампион во две тежински категории на УФЦ, Жорж Сент Пјер, верува дека Ројс Грејси е најголемиот во историјата на ММА.

Грејси е во Куќа на славните на УФЦ и победник на УФЦ 1, УФЦ 2 и УФЦ 4. Ројс навистина направи некои импресивни работи на почетокот на развојот на ММА. Тој можеше да победи многу потешки борци од него во борби без ограничување на тежината и минимални правила.

Сент Пјер го искажа своето лично мислење на оваа тема, но генерално верува дека тој што може да се нарече најголем во ММА се уште не е роден.

„За мене, мислам дека најголем е Ројс Грејси. Затоа што правеше работи што веројатно никогаш повеќе нема да ги видам. Се бореше кога немаше тежински категории и правилата беа сосема поинакви.

Сè беше сосема поинаку. Влегуваш во кафезот и мислиш дека можеби некој ќе умре, знаеш? Се разбира, ако го ставите Ројс Грејси против шампион на УФЦ, мислам дека тој не може да победи.

Ми се чини дека вистинскиот најголем борец допрва ќе се роди“, изјави Сент Пјер во интервју за Мајкл Биспинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО