Жорж Сент Пјер: Борба со Хабиб? Зошто да не!

Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, а сега член во Куќата на славните, Жорж Сент Пјер зборува за можна борба со поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов.

Сент Пјер ја имаше првата ММА борба во јануари 2002 година. Последен пат Канаѓанецот зачекори во октагонот во ноември 2017 година, кога го победи британскиот борец Мајкл Биспинг.

Вкупно, Сент Пјер има 28 борби во ММА, во кои победил на 26 (8 со нокаут) и претрпел 2 порази. Во последните 5-6 години постојано се зборуваше за ММА борба меѓу него и Хабиб. Тоа беше борбата од соништата на покојниот татко на Нурмагомедов.

За жал, ваква борба не видовме во ММА, но Сен Пјер е подготвен за граплинг средба со Дагестанецот.

„Знаете, ако е добро организирано и оди во добра цел, во добротворни цели, тогаш зошто да не?

Можеби повторно би се натпреварувал, но да не докажам ништо, да не се трудам да станам најсилниот човек на земјата. Не ми е гајле повеќе за тоа. Но, борењето може да се испроба.

Никогаш не велам никогаш“, рече Сент Пјер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georges St-Pierre (@georgesstpierre)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО