Бивол е подготвен да го чека Канело Алварез до септември

Еди Херн, кој е еден од промоторите на шампионот на ВБА во полутешка категорија, Дмитри Бивол (21-0, 11 КО), откри детали за враќањето на ѕвездата.

Пред неколку дена Сoл Алварез изјави дека целта му е да направи втор меч со Бивол во 2023 година. Алварез веќе има закажана борба и таа ќе биде против Џон Рајдер во мај во Мексико. Сoл веројатно ќе сака да се бори и во септември, а тогаш опција е реванш против Дмитри.

Канело беше надмудрен од Дмитри, кој во Лас Вегас го победи со одлука. Канело последен пат се бореше во септември 2022 година со Генади Головкин. Моментално нема извесност околу враќањето на Бивол, но тој е подготвен да почека до септември за да има реванш со Канело.

„Ако се договориме во септември, тогаш Бивол ќе се согласи да почека. Можеби ќе биде во Мексико на 6-ти мај. Сол и неговиот тренер инсистираат дека ова е борбата што им треба.

А ако потпишеме договори, тогаш можеби Бивол ќе почека до септември“, изјави Херн во интервју за ИД Боксинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО