Здравковски против Германец, Грозданов со Украинец на Младинската лига во Умаг

Денеска кочанските каратисти Кристијан Грозданов и Роберто Здравковски од КК Партизан настапуваат на Карате 1 младинската лига во Умаг – Хрватска.

Нивните тренери Јорданчо Петров и Оливер Коцев истакнуваат дека се подготвени да го дадат максимумот и да обезбедат пласман кој ќе и гарантира место во репрезентацијата за Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сантијаго, Чиле, од 23 до 27 октомври.

Критериум за влез во репрезентацијата е пласман меѓу првите тројца.

-57 кг – кадети

Кристијан Грозданов – Мелвин Тран (Германија)

-76 кг – јуниори

Роберто Здрваковски – Данил Хрихоренко (Украина)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО