АктуелноКаратеПремиер лига

Одлично издание на Александар Неделковски во Светската младинска лига, ќе жали за бронзата

Aлександар Неделковски забележа многу добар пласман во силна светска конкуренција на Младинската светска карате лига, односно Карате 1 лигата за млади во Умаг-Хрватска, освојувајќи го петото место во кати за јуниори.

Во трета фаза имаше втора највисока оценка 25,32, веднаш зад Јапонецот Јуто Акијоши со 26,14, а во борбата за бронзениот медал загуби од Италијанецот Алесио Џинами кој имаше оцена 25,98, а Неделковски 24,92.

Во оваа конкуренција имаше 90 натпреварувачи.

Од другите наши натпреварувачи само Бојан Костов (-52 кг, кадети) е блиску до поголем резултат, но борбите се уште се во тек.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON