Вренези и Богданов на состанок со првиот човек на светското борење Ненад Лаловиќ

Претседателот и потпретседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Бетим Вренези и Дејан Богданов, по Блакнаското првенство за деца и кадети овој викнед во Мурска Субота во Словенија заминуваат на сосстанок во Лозана, Швајцарија, со првиот човек на Обединетото светско борење (ОСБ/UWW), Ненад Лаловиќ.

„На состанокот со Лаловиќ ќе се разговара за подобрување на боречкиот спорт во Македонија и негов развој, како и за добивањето на организацијата на Светското кадетско првенство во 2019 година. Потоа да ја продолжиме сорботката со стручни кадри на ОБС, односно одржување на семинари, како и доделување на опрема во вид на душеци и реквизити за тренирање“, вели претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези.

Од друга страна, нашата делегација на состанокот оди со крената глава бидејќи е исплатен долг кон ОСБ од 50.000 евра. Според информациите од ФБСМ, сега ОСБ и должи на нашата Федрација.

Претходната недела двоецот на ФБСМ имаше состанок со Жељко Трајковиќ во врска со организацијата на Светското првенство за ветерани идната година во Скопје. Трајковиќ ја застпаува агенцијата која ги организира сите шампионати во борењето во светот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО