Реваншот Головкин – Алварез на 5 мај

Реваншот меѓу Генади Головкин и Сол Алварез може да се одржи на 5 мај.

Преговорите за овој меч веќе се почнати. Според мексиканскиот промотор Оскар де ла Хоја, неговиот клиент сака да се врати во рингот на дадениот датум. Се очекува повторно да се бори за четири од светските титули во средна категорија. Првиот меч заврши нерешено.

„На прво место на нашата листа е Головкин, но сето тоа зависи од преговорите“, рече Оскар де ла Хоја и додаде: „Другите опции за противник се: Џо Сандер и Дејвид Леуми“.

https://youtu.be/4Rb7zCZqHdo

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО