Блаже Дардов на 23 декевмри против Димитрије Џакиќ во Будва

Блаже Дардов повторно ќе влезе во окатгонот на 23 декември во Будва, Црна Гора, против Димитрије Џакиќ на МФЦ 6 во категоријата до 77 килограми.

Дардов долго време не настапуваше.

„Тренирав, но не прифаќав борби поради здравстени проблеми“, вели Дардов, истакнувајќи дека е подготвен за овој предизвик.

„Нормално, очекувам победа. По долгата пауза ќе се подготвам како никогаш до сега и ќе дадам се од себе да победам“, истакнува младиот Блаже.

Тој вели дека летово паузата ја искористел да заработи нешто и работел како бодигард, однонсо да си ги финансира подготовките.

„Сега со тимот сум фокусиран на техниките од граун енд паунд. Посеветен сум на градење на кариера. Ги подобрувам слабостите и се надевам на подобри понуди од поголеми организаци“, категоричен е Дардов кој настапува за Нинџицу клубот Битола.

Блаже Дардов стана познат во регионот отако за 4 секунди го нокаутираше Плеурат Смајли на Муња фајтинг чемпионшип во Загреб стана хит во медиумите во регионот.

На МФЦ ќе се бори и Стефан Пецевски против Саво Лазиќ во категоријата до 77 килограми и Филип Божиновски против Небојша Богдановиќ до 70 кг.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО