Враќањето на Ронда Русеј на УФЦ 207 (ВИДЕО)

ronda-i-nunjes-soocuvanje

Дојде моментот кога поранешната шампионка на УФЦ, Ронда Русеј, треба да докаже од што е направена. Откако ја загуби титулата од Холи Холм на УФЦ 193 во ноември 2015 година со нокаут во втората рунда, Ронда се криеше од сите и престана да учествува во ММА. Имаше потреба подолго време да се самоанализира каде биле грешките и како да ги исправи.

По неколку дена ќе видиме што е променето кај „Роуди“, кога ќе се сретна со Аманда Нуњеш на УФЦ 207 на 30 декември во Лас Вегас.

Ова ќе биде првиот дуел на Русеј по 13 месеци.

Ронда пред да се обиде да го врати она што некогаш и припаѓаше, таа ни покажа малку од личниот живот и од тоа како се подготвува за враќањето во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО