Ворен го провикува за организрање на мечот Усик-Џојс

Промоторот Френк Ворен повика на брзо решавање на проблемите околу мечот Усик-Џојс за да може да се одржи оваа средба.

Тие треба да се борат за привремена титула на ВБО во тешка категорија, а победникот ќе добие шанса да се сретне со вистинскиот шампион.

„Џо ја сака оваа битка. Ние ја сакаме оваа битка. Изгледа дека и тие ја сакаат оваа борба. Да организираме таква средба за доброто на навивачите“, рече Ворен за essentialsports.com.

Усик неодамна на социјалните мрежи изјави дека тој и неговиот персонал ја одбиле понудата затоа што била несоодветна.

„Понудата беше несоодветна, затоа направивме подобра контра-понуда. Џојс не треба премногу да размислува за себе, туку да се покорува на сите други. Јас ќе ја донесам конечната одлука“, рече Усик.

Ворен, промоторот на Џојс, ги негираше обвинувањата.

„Не добивме контра понуда од вас или вашиот тим. Минатата недела повторно му дадовме понуда на вашиот менаџер“, додаде Ворен.

Џо Џојс е рангиран на 12-то место на авторитетното рангирање на страницата boxrec.com. Британецот, кој е носител на олимписки сребрен медал, нема пораз во професионалниот ринг. 198-сантиметри високиот боксер има 12 победи, од кои 11 со нокаут, а во последниот средби му го нанесе првиот пораз во професионалната кариера на младиот талент Даниел Дубоа.

Усик, пак, е на 5-то место на истата листа. И тој нема пораз во професионалниот ринг, бидејќи има добиено 18 мечеви (13 од нив со нокаут). Украинскиот боксер има само две борби во тешка категорија. Во последната со едногласна одлука го победи Дерек Чисора, а судирот се случи во „Вембли арената“ во Лондон на 31 октомври 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО