Камару Усман ќе биде во аголот на Нгану во мечот со Миочиќ

Фрeнсис Нгану ќе може да смета на африканска солидарност и шампионско присуство во неговиот агол на претстојниот меч за титулата во тешка категорија со Стипе Миочиќ.

Реваншот меѓу нив е закажан за УФЦ 260 следниот викенд (27 март). Нокаут играчот роден во Камерун ќе се потпре на советот на еден од најдобрите борци во организацијата – Камару Усман.

Шампионот во полусредна категорија е близок пријател на 34-годишниот Нгану, а двајцата често се партнери на тренинзи.

„Камару ќе биде дел од мојот тим за претстојниот меч“, откри предизвикувачот, кој ќе има втора шанса да се искачи на врвот кај тешкашите.

„Тој  ми помага и да се подготвам за средбата. Во вакви моменти ви треба што повеќе помош и поддршка. Тренираме заедно и мислам дека е важно тој да е со мене, бидејќи ќе ми помогне во борбата на партер и особено во борењето“, додаде Нгану.

Првиот судир меѓу Стипе Миочиќ и Франсис Нгану се случи во 2018 година, а победата му припадна на Американецот со хрватски корени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО