Волкановски- Холовеј 3 на 2 јули во Лас Вегас

Третата пресметка меѓу Александар Волкановски и Макс Холовеј ќе се одржи на претстојната гала вечер на УФЦ 276.

Настанот кој ќе го предводи мечот меѓу Израел Адесања и Џаред Канониер ќе се одржи на 2 јули во Лас Вегас.

33-годишниот Волкановски четврти пат по ред ќе го брани појасот во перо категорија. Австралиецот со македонско потекло го освои појасот од Холовеј во 2019 година, а една година подоцна повторно го одбрани.

30-годишниот Холовеј е во серија од две последователни победи. „Блажениот“ ги совладаа Келвин Катар и Јаир Родригез, откако претходно забележаа два последователни порази од Волкановски.

„Александар Велики“ не се борел од април, кога со технички нокаут го победи „Корејското зомби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО