Дана Вајт ја поддржува идејата за можен меч меѓу Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер

Мајкл Чендлер го прозва Конор Мек Грегор по триумфот против Тони Фергусон на УФЦ 274 во Феникс.

Славниот Ирец веднаш му одговори на Чендлер, честитајќи му за ефективната победа. На почетокот на втората рунда, Мајкл со фантастичен преден ножен удар го нокаутира Ел Кукуј.

На Чендлер не би му пречело да се бори со Мек Грегор и во полусредна категорија. И на Конор му се допадна идејата.

„Само би го нокаутирал. Тоа би било огномет, а ми се допаѓа и поканата за борба во полусредна категорија. Дефинитивно е ривал со кој би се борел подоцна во кариерата, а по вечерашниот настап тоа е можно’, изјави Конор Мек Грегор.

Дури и претседателот на УФЦ, Дана Вајт, не би имал ништо против таа борба.

„Тоа би бил забавен меч. Кој не би сакал да го гледа тоа? Но, Конор се уште не е подготвен да се врати. Ќе видиме што ќе се случи кога Мек Грегор ќе биде стопроцентно подготвен“, изјави Дана Вајт и откри кога Конор би можел да се врати во борба:

„Тој е најголемата ѕвезда во спортот. Сите го викаат по име, а сега е Чендлер. Воопшто не му беше во умот како можен противник на Конор. А сега имаше одличен настап против Фергусон и го прозва Конор. Не знам, се е можно. Но, ветувам дека ќе организираме одличен меч“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО