Волкановски до Мек Грегор: Ајде да го направиме тоа

Александар Волкановски е подготвен да се бори со Конор Мек Грегор. Изминатиов викенд, австралиско-македонскиот шампион ја одбрани титулата со импресивна победа над Брајан Ортега. „Александар Велики“ влезе во серија од 20 последователни победи и го одбрани појасот по вторпат.

Александар веќе има победи над некои од најдобрите во оваа категорија. Има победи над Жозе Алдо, Чад Мендес, двапати над Макс Холовеј, а сега над Ортега. Мек Грегор беше видливо изнервиран од победата на Волкановски и го нападна на социјалните мрежи.

Озлогласениот рече дека ќе му ја шутне главата на Волкановски и го нарече „прдло“ и „лајно“.

„Слушнав дека Конор Мек Грегор бил лут. И јас сум лут. Рече нешто за прдење и срање. Тоа нема смисла. Ова е Мек Грегор и тој си го прави своето. Не знам дали ќе се спушти кај мене. Очигледно нема да се случи.

Конор, слези кај мене во перо категорија. Многу би сакал да се борам. Цврст сум и имам стратегија. Мек Грегор верува дека е човекот во перо категорија. Јас сум различен од она што го виде во оваа категорија.

Ако сака да се спушти кај мене, тогаш добредојде. Би сакал. Ако не сака да биде во перо категорија, тогаш ќе се качам во лесна категорија. Ајде да го направиме тоа“, му одговори Волкановски преку медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО