Мек Грегор за Волкановски: Ќе му ја сритам главата на малиот прдло

Конор Мек Грегор не е импресиониран од Александар Волкановски кој викендов во Лас Вегас ја одбрани титулата откако доминираше со Брајан Ортега. Пред неколу години Мек Грегор беше шампион во перо категорија и тоа беше дивизијата во која имаше најголем успех.

Конор врза серија од 10 последователни победи на УФЦ во перо категорија и се справи со некои од најдобрите. Не загуби во категоријата во УФЦ, но потоа почна да ги менува категориите и дојдоа поразите.

До денес, Мек Грегор е во серија од два последователни пораз од Дастин Пориер и се опоравува од скршеница на ногата. Очигледно ја гледал гала вечерта и напишал коментар упатен до Волкановски, кој подоцна го избришал.

„Ќе му ја сритам главата на овој Воловски како рагби топка. Тој бил висок 1,60 см и поделен. Хаха, мал прдло. Не е ни малку прдло, туку лајно. Не беше лоша битка. Честитки за лајното“, напиша Конор за Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО