АктуелноДомашна сценаТаеквондо

Во сабота се одржува Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен“

Во сабота во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2026“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и Таеквондо клуботот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец.

Низ годините овој турнир прерасна во особено атрактивен натпревар, што привлекува сé повеќе натпреварувачи, а така е и годинава.

Претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски информира дека се е подготовено за почнување на турнирот и дека гостите пристинуваат и порано во Охрид за да ги видат убавините на балканскиот бисер. За турнирот се пријавени околу 300 натпреварувачи од 9 држави.

Учесниците ќе се натпреваруваат во две дисциплини – форми и борби.

Почетокот на натпреварите е во 09:00 часот, а официјалното, свечено отворање е во 13:00 часот. Влезот за сите посетители ќе биде слободен. Со овој турнир ќе биде заокружен пролетниот дел од натпреварувачка сезона.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON