АктуелноМеѓународна сценаММА

Дана Вајт потврди: Ислам Махачев – Иан Мачадо Гари ќе биде глвна борба на УФЦ 330

Дана Вајт официјално ја потврди една од најочекуваните борби во УФЦ во 2026 година. Ислам Махачев ќе ја брани својата титула во велтер категорија против претендентот број 1, Иан Мачадо Гари, на УФЦ 330.

Веста ја објави претседателот на УФЦ за време на неговото гостување во емисијата на Пет Мекафи.

Судирот ќе биде главна борба на гала вечерта на УФЦ 330, која ќе се одржи на 15 август во Филаделфија.

Ова ќе биде прва одбрана на титулата за Махачев откако Русинот се искачи во велтер категорија и го освои појасот со победа над Џек Дела Мадалена.

Во последните месеци имаше многу шпекулации за следниот противник на шампионот, а меѓу имињата за кои се дискутираше беа Мајкл Моралес и Карлос Пратес. На крајот, УФЦ го избра Иан Мачадо Гари, кој ја добива најголемата шанса во кариерата.

Ирецот долго време се залага за борба за титулата и по серија силни настапи, конечно ќе има можност да се соочи со еден од најдоминантните шампиони во организацијата.

Дана Вајт откри и дека коглавиот меч на УФЦ 330 ќе биде и шампионска борба. Макензи Дерн и Џилијан Робертсон ќе се сретнат за титулата во сламка категорија за жени.

Така, УФЦ 330 се оформува како еден од најсилните настани во годината со два шампионски судири и враќање на организацијата во Филаделфија за прв пат од 2019 година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON