АктуелноЕвропски првенстваТаеквондо
Максим Арсовски го освои сребрениот медал на Европското клупско таеквондо првенство за деца

Максим Арсовски го освои сребрениот медал на Европското клупско таеквондо првенство за деца во Сараево, Босна и Херцеговина, во категоријата до 48 кг.
Максим во финалето загуби од Ирхад Омановиќ од Босна и Херцеговина.

„Во тесна борба со многу пресврти на крајот славеше домашниот репрезентативец, сосема заслужено“, вели тренерот Жарко Арсовски и додава:
„Сепак и второто место е голем резултат за Максим Арсовски, Таекводо клубот Штип, Општина Штип и цела Македонија“.



