Меѓународна сценаММА

Алекс Переира бара итен реванш со Сирил Гане

Алекс Переира не губеше време во поразот од Сирил Гане и сега бара итен реванш.

Тие се соочија во коглавниот настан на УФЦ Фридом 250, каде Гане со технички нокаут во втората рунда го сопре Бразилецот и ја освои привремената титула во тешка категорија.

По борбата Переира откри дека веќе разговарал со менаџментот на УФЦ и ја изразил желба за втора борба.

„Им кажав дека правилно е да се организира итен реванш“, рече Переира во видео објавено на социјалните медиуми.

Поранешниот шампион во средна и полутешка категорија призна дека сè уште не добил дефинитивен одговор.

„Ме замолија да почекам неколку дена за да ми одговорат бидејќи имаат многу работа, а настанот штотуку заврши“/

Сепак, Бразилецот е уверен дека одлуката нема да се одложи долго.

„Ќе видиме што ќе одлучат. Ќе почекам малку, но ќе добиеме одговор многу наскоро“.

Поразот од Гане ги прекина амбициите на Переира да стане првиот борец во историјата на УФЦ кој освоил титули во три различни тежински категории. Сепак, „Поатан“ се чини дека е решен да добие втора шанса и да се врати во борбата за врвот на тешката категорија.

Не е јасно дали УФЦ ќе му ја исполни желбата, бидејќи Сирил Гане веќе упати предизвик до неприкосновениот шампион Том Аспинал за борба за обединување.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON