Меѓународна сценаММА

Гејџи ја отфрли идејата за итен реванш со Топурија

Новиот шампион во лесна категорија на УФЦ, Џастин Гејџи, не мисли дека Илија Топурија заслужува итен реванш по поразот на УФЦ Фридом 250 во Белата куќа.

Американецот, кој го сопре претходно непоразениот шампион и ја освои титулата на 37-годишна возраст, е убеден дека неговата победа била доволно убедлива.

„Би рекол дека дефинитивно не е реванш. Го натерав да се откаже на својот стол. Победив во три од четири рунди. Тоа е доминација“.

Гејџи нагласи дека го почитува Топурија, но не мисли дека на поранешниот шампион треба веднаш да му се даде уште една шанса за титулата.

„Голем обожавател сум на човекот, но тој сè уште има многу да докаже“.

Новиот шампион зборуваш е за самоувереното однесување на Топурија пред борбата, велејќи дека никогаш не верувал дека е непобедлив.

„Никогаш не се однесував како него. Никогаш не мислев дека сум непобедлив. Секогаш знаев дека можам да бидам нокаутиран“.

На крајот од говорот Гејџи го даде најостар коментар досега за поранешниот шампион.

„Не сакам да кажам ништо лошо за овој човек. Тој беше светски шампион и ја искористив можноста да му ја одземам титулата. Но, сега е во болница, а јас не“.

УФЦ сè уште не објави кој ќе биде следниот предизвикувач за титулата, а меѓу главните опции се Арман Царукјан и Чарлс Оливеира.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON