АктуелноМеѓународна сценаММА

ФБИ спречил терористички напад на УФЦ пред Белата куќа!? Уапсените планирале масовен колеж

Според „Фокс њуз“, Федералното истражно биро (ФБИ) спречило потенцијален терористички напад насочен кон настанот УФЦ Фридом 250 што се одржа во Белата куќа.

Медиумот известува дека истрагата открила план за користење дронови наполнети со експлозиви и координирани снајперски операции за таргетирање на посетителите на настанот и блискиот парк Елипс, каде што биле собрани десетици илјади фанови.

Според информациите, првичните информации за заговорот се појавиле на 10 јуни, неколку дена пред настанот. Некои од осомничените се собирале во Фредериксбург, Вирџинија, а подоцна биле извршени апсења во други држави.

Пет лица се уапсени, а вкупно 23 лица се идентификувани во врска со случајот.

Безбедносните служби потврдија дека координацијата меѓу ФБИ и Тајната служба спречила можен инцидент за време на историскиот настан, на кој присуствувал претседателот Доналд Трамп и бројни официјални гости.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, ја пофали работата на неговите тимови, нагласувајќи дека ова била 24-часовна операција за неутрализирање на заканата.

Во оваа фаза, информациите се базираат на истражни извори и судски документи, а властите продолжуваат да ги разјаснуваат деталите за наводниот заговор.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON