Во сабота се одржува Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2022“

Викендов (сабота) ќе се одржи Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2022“ во организација на Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид.

Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Билјанини извори“ со учество на клубови од 8 земји: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Бугарија, Грција и Албанија.

„Натпреварот е организиран по највисоки стандарди на ИТФ, електронско судење, со можност за видео протест, пренос во живо на јутјуб, задолжен за судискиот систем  е г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите  податоци, а за судиската екипа е задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, на судискиот комитет за југоисточна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација“, информира организаторот на турнирот.

„За сите љубители, влезот ќе биде бесплатен за имаат можност да ги гледаат нашите натпреварувачи  и да уживаат во убавините на овој атрактивен спорт. Сите наши подржувачи ќе имаат можност да ги гледаат во живо европските вицешампиони  Давид Крстески, Елена Јанеска и Христијана Парулеска и да навиваат за нив“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО