Тајсон Фјури се грижи за Дiонтеј Вајлдер: Не би сакал да продолжи со кариера, тој изгледа како руина

Трилогијата меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер заврши минатиот октомври со уште еден убедлив триумф на Џипси Кинг.

Фјури го нокаутира Вајлдер со нокаут во 11 рунди и за прв пат ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија.

Тоа беше нивниот втор реванш по февруари 2020 година кога британскиот боксер го победи Американецот со технички нокаут во седмата рунда.

Нивниот прв меѓусебен дуел во декември 2018 година заврши нерешено, а Вајлдер потоа ја одбрани титулата.

Бронзениот бомбардер загуби само два меча во кариерата и двата против Фјури.

„Вајлдер е многу опасен боксер и може секого да нокаутира. Во текот на 12 рунди, сигурно ќе ве погоди добро неколку пати“, рече Тајсон Фјури, додавајќи:

„Не сум сигурен колку остана во него. Психички, ментално и емотивно е целосно уништен, во моментов повеќе ми личи на руина“.

Американецот ги претрпе единствените два порази од Фјури, двата пати заврши со нокаут.

„Два пати беше брутално нокаутиран. Ќе има тежок камбек и се зависи од неговата желба да се врати во рингот. Искрено, не би сакал да ја продолжи кариерата, бидејќи знам дека не му требаат пари. Би сакал тој да се пензионира, не сум сигурен дали може да победи некој друг. Може само дополнително да го оштети своето наследство“, изјави Тајсон Фури и заклучи:

„Не треба да се срами што двапати загуби од најдобриот боксер во светот. Но, ако се врати во рингот, ќе биде штета ако противниците почнат да го бришат подот со него“.

До мечевите со Фјури Вајлдер не влезе во рингот со врвни тешкаши, освен, да речеме со Луис Ортиз. Но, што ќе се случи ако Бронзениот бомбардер се бори против Руиз, Џошуа, Усик, Паркер…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО