Бронзениот медалист од ЕП во карате Љупче Михајлов пречекан од тренерите и другарите (ФОТО)

446

Освојувачот на бронзениот медал на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Прага, Чешка, Љупче Михајлов, во Скопје беше пречекан од тренерот Сашко Арсовски и другарите од КК Штип.

Михајлов го освои единствениот медал за Македонија на ЕП и ја продложи традицијата на освојување медали од европските шампионати.

Медалот е големо признание за КК Штип и тренерите Сашко и Жарко Арсовски кои добија уште еден европски медалист.

„Многу сме задоволни од бронзениот медал на Љупче, а жалиме што тоа не е најсјајниот. Од друга страна, не сме задоволни што само еден наш репрезентативец освои медал. Се надеваме дека на наредните шампионати сите наши претставници од КК Штип ќе се закитат со медали“, велат неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски.

Ќе потсетиме дека Михајлов во борбата за бронзениот медал го совлада Август Рамос од Италија со 3-1.

Во интервјуто за Ипон.мк Михајлов рече дека е прекрасно чувството да освоиш медал на ЕП.

„Ова само се доживува. Не можам да го опишам. Ова е среќа која му ја посакувам на секој спортист“, рече Михајлов, истакнувајќи дека медалот за него значи поголема мотивираност и желба за поголеми успеси во иднина.

Според него, овој голем успех се должи и на работата на тренерите Сашко и Жарко.

„Без тренерите никогаш не би го постигнал овој успех. Тренирам од 2012 година, тие ми се огромна поддршка. Прво благодарение на напорните тренинзи, укажувањата на секоја грешка, мотивираноста денес освоив медал. Па во оваа прилика би сакал да изразам огромна благодарност до нив, од утре продолжуваме уште посилно“, вели Михајлов.

ЕП Јуниори
-68 кг
Љупче Михајлов – Махмуд Алмал (Луксембург) 8-0
Љупче Михајлов – Бенце Силаџи (Унгарија) 5-3
Љупче Михајлов – Андреас Ниц (Австрија)
Љупче Михајлов – Мераб Сурманидѕе (Турција) 2-0
Полуфинале
Љупче Михајлов – Гилерме Гонкалвес (Португалија) 1-1
За бронза
Љупче Михајлов – Август Рамос (Италија) 3-1