Во Русија признаа за десетици допингувани борачи со мелдониум

Ruski borac

Претседателот на Руската федерација за борење, Михаил Мамиашвили, призна десетици позитивни примероци на руски натпреварувачи со „мелдониум“. Веќе се познати имињата на двајца руски борачи, обвинети за употреба на забранетата супстанца од 1 јануари оваа година. Тоа се Евгениј Салеев и Сергеј Семонов.

Салеев се натпреварува во категоријата до 82 килограми, тој е носител не сребрен медал од Светското првенство во Ташкент во 2014 година и победник на Европските игри во Баку.

Семонов се бори во најтешката категоријата до 130 килограми, тој е носител на сребрен медал од Светското првенство во 2015 година.

„Допинг – тоа е огромен проблем. Досега никогаш не сме имале тешкотии во овој поглед. И одеднаш десетици позитивни примероци со оваа супстанца. Оваа епидемија е еднаква на катастрофа. Не сакам ни да се произнесам за такво нешто на глас, но може да се случи да нема со кого да одиме на Олимпијадата“, коментираше Мамиашвили.

Метаболниот бустор за зголемување на издржливоста „мелдониум“ влезе во листата на забранети супстанции во почетокот на годината по иницијатива на САД. Супстанцата се произведува во Латвија како средство за лекување на проблеми со срцето. Американската антидопинг агенција, сепак, добила информации дека мелдонинот е масовно користен од спортисти од Источна Европа за подобрување на физичката и психичка издржливост и иако без јасни и конкретни докази за тоа, супстанцијата беше забрането од Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Пред неколку дена од ВАДА соопштија дека над 100 спортисти од почетокот на сезоната веќе дале позитивни примероци на „мелдонин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО