Кличко сака да учествува на Олимпијадата во Рио

Klicko i gro plan

Поранешниот светски шампион во бокс тешка категорија, Владимир Кличко, сонува да го освои својот втор златен медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, ако им биде дозволено на професионалните боксери да учествуваат на Олимпијадата.

„Мислам дека ќе биде фер, ако професионалните боксери можат да учествуваат на Олимписките игри во Рио, иако се уште нема ништо во оваа фаза“, рече денеска Владимир Кличко во интервју за германската спортска агенција „СИД“.

Меѓународната федерација за аматерски бокс (АИБА) треба до крајот на јуни да направи реформи, за да дозволи професионалните боксери да учествуваат на Олимпијадите. „Сигурен сум дека многу професионални боксери ќе се борат против стилот на аматерите. Ако тоа биде дозволено, јас ќе бидам на Олимпијадата. Ќе биде неверојатно да бидам на олимписки игри дваесет години по мојата победа во Атланта“, рече Владимир Кличко, кој освои златен олимписки медал на игрите во 1996 година во Атланта како аматер од тимот на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО