Внукот на Мухамед Али дебитира во ПФЛ со нокаут за неколку секунди (ВИДЕО)

Бјаџо Али Волш, внук на легендарниот Мухамед Али, го имаше дебито во ПФЛ.

24-годишниот Американец се соочи со Том Грејсер во првата борба на настанот ПФЛ 10, кој се одржа во Њујорк. Борбата беше во лесна категорија и не траеше повеќе од 1 минута. Бјаџо му зададе тешка комбинација на Грејсер и забележа нокаут за 45 секунди. Треба да се истакне дека борбата беше меѓу аматери.

Тоа беше втора победа во низа за внукот на Али, кој сега има скор од 2-1 во ММА. Грејсер, од друга страна, доаѓа од серијата со 2 порази и сега има 1-5 во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО