Владимир Кличко и Флојд Мејведер меѓу кандидатите за „Куќата на славата“

Силна конкуренција за влез „Куќата на славата“ за 2021 година.

Меѓу 42-та кандидати се имињата на некои од најдоминантните боксери од блиското минато – Владимир Кличко, Флојд Мејведер, Мигел Кото, Џјмс Тони, Андре Вард и други.

Кличко, Мејведер, Кото, Вард и Џејмс Тони се повлекоа од боксот во 2017 година и благодарение на новите правила на Куќата на славните, тие можат да влезат во неа од прв пат.

До минатата година, за боксер можеше да се гласа само ако поминат 5 години од неговата последна борба, но рокот беше намален на три и тоа ја прави оваа класа толку силна историски.

Околу 200 новинари и боксерски историчари ќе можат да гласаат, а гласачките ливчиња ќе бидат вратени до 31 октомври, а новата класа ќе биде објавена во декември.

Оваа година немаше официјална церемонија за новите членови на салата заради пандемијата на коронаврус. Организаторите рекоа дека оваа година приемот на нови членови ќе се одржи на 13 јуни во Њујорк, а приемот ќе биде двоен (2020 и 2021 година).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО