Сеишин го одбележа денот на турнирот „Прилеп град херој 2020“

Вчера ЏК Сеишин во паркот на Могилата на непобедените во Прилеп одржа јавен настан по повод симболичното одбележување на  денот кога требаше да се одржи 12. Меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој-2020“.

Раководството на клубот нагласи 11 години по ред на овој меѓународен турнир стана препознатлив не само на Балканот, туку и пошироко. Оваа година се одложува заради мерките кои се на сила во врска со светската пандемија на Ковид- 9.

„Меѓутоа, токму денес на овој ден стигна и донацијата на 25 џудо кимона обезбедена од холандското здружение „Експлорид тудеј“ и истата беше официјално предадена од страна на г-дин Хари Филип Босман од Холандија, овластен од страна на ова здружение“, велат од Сеишин, при што Босман истакнал дека ова е значаен проект и веруваат дека ќе помогнат на клубот за постигнување на уште поголеми резултати. Се надеваат дека и понатаму соработката ќе продолжи.

Претседателот на клубот Дејан Ширкоски,тренерот Дејан Мицкоски и ветеранот Киро Здравески се обратија во името на Сеишин, упатувајќи благодарност до донаторите и ветија дека клубот ќе реди уште поголеми успеси.

Тие наглсија дека традицијата е само привремено прекината, затоа што постои и поголема причина, а тоа е здравјето на луѓето. Меѓутоа, ветија дека по завршувањето на оваа состојба, сите заеднички со уште посилно темпо ќе се вратат, најпрво во спортските сали на татамите, а потоа и на домашните и меѓународни натпревари.

На овој настан присуствуваа претставници од други џудо клубови, џудо федерацијата на Македонија како и родители, пријатели, соработници и поддржувачи на клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО