Виза малтретирање за таеквондистите на ЕП – Додевски едвај стигна, Рељиќ не доби виза

Вистинска одисеја-малтретирање на македонските такевондисти за да се натпреваруваа на Европското првенство во олимписко таеквондо во Манчестер – Англија. Вусшност ова е и за други натпреварувачи од Балканот. Не е познато од кои причини е поигрувањето со визите.

Денес Филип Додевски беше прв што настапи од нашите репрезентативци, кој, за жал загуби од Таха Биџер од Турција. Но она што тој и Мила Рељиќ го поминаа е надвор од спортските кодекси.

Селекторот Борче Костовски вели дека некако на денот на мерењето се измолиле да му го овозможат тоа, бидејќи директно стигнал на вагата.

„Филип мораше пасошот да го земе во Белград, па да се врати во Скопје и да фати лет во Софија за Англија. Тој 12 сати поминал во автомобил. Изморен и  измалтретиран во исчекувње дали ќе успее да стигне на време со летот“, вели Костовски.

Тренерот на нашата репрезентативка Рељиќ, Александар Ефтимов, утрово на Фејсбук инфорираше дека Мила не добила виза, иако велат дека се процесуира, па така е оневозможена да настапи и да се бори за медал, бидејќи имала поволен жреб, но и континуитет на резултати во полседно време.

„За жал се уште не и ја одобрија британската виза за Мила Рељиќ за да учествуваме на Европско сениорско првенство во Манчестер, Англија. И покрај одличната ранкинг позиција и шансата за медал да донесеме од ова големо натпреварување, не добивме навремено виза, најмногу поради тоа што Британците ги укинаа визите по брзи постапки поради наплив од 4 000 000 украинци за виза. Беше ургирано и од највисоки позиции, но, иако истовремено аплициравме, виза добив само јас, нејзината се уште била во процес на разгледување.
Според ранкингот и жрепката, во првото коло бевме слободни, во второ требаше да се бориме против Шпанија, а во борба за медал очекувавме да ни се падне Британија“, напиша Ефтимов на ФБ.

За неучеството од други прични селекрторот Костовски вели:

„Секое неучество на вакво натпреварувње од слични причини, како  неиздавње виза или друго е катастрофа само по себе, бидејки не се запазува основото правилило на олимпизмот – сите спортисти да се со еднакви можности за натпревар. Ова што и се случи на Филип и Мила е проблем. Ќе додадам дека кај Србите 10 луѓе останаа без виза, а кај Босна и Херцеговина двајца“.

Така, нашите погледи сега се свртени кон олимпиксиот вицешампион Дејан Георгиевски и Анамарија Георгиевска.

Анамарија Георгиевска утре се бори со Магда Вет Хенин од Франција.

Европско првенство:
-87 кг
Филип Додевски – Таха Биџер (Турција) 16-20

-67 кг
Анамарија Георгиевска – Магда Вет Хенин (Франција)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО