Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ на челните позиции на ранг-листата на ВКФ во У-21

Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ ги запоседнаа челните позиции на ранг-листата на ВКФ во У-21.

Трајковски со 2280 бода е прв во категоријата до 84 килограми, односно со 45 поени е пред Италијанецот Матео Фиоре кој има 2235 бода и со 225 пред Јорданецот Мохамед Алјафари 2010.

Стојановиќ има 2400 бода во категоријата над 84 килограми. Тој води со 105 поени пред вториот Санад Суфјани од Саудиска Арабија 2295 и 375 пред Дестан Бостанџиќ од Босна и Херцеговина 1920.

Ова е големо признание за младите каратисти на Макпетрол кои на неодамна завршеното Европско првенство за кадети, јуниори и У-21 во Ларнака, Кипар, освоија бронзени медали, а минатата година на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Коња-Турција се закитија со сребрени одличја.

Трајковски годинава (15 јануари) во Атина на Карате 1 Серија (Светската карате лига) се закити со бронза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО