Мек Грегор за Волкановски-Махачев: Во оваа борба нема губитници!

Поранешниот шампион на УФЦ во две тежински категории, ирската ѕвезда Конор Мек Грегор ја коментираше победата на Ислам Махачев над Александар Волкановски.

Тие беа предводници на УФЦ 284 во Перт, Австралија. Борбата беше многу тесна, но Ислам победи со едногласна одлука. Многу луѓе не беа среќни поради тоа, но победата е победа. Џо Роган очекуваше стопроцентна пораз на Махачев по гледањето на 5-те рунди.

Сигурен сум дека многу луѓе ја чекаа и анализата на Конор. Изненадувачки, „Озлогласениот“ не прибегна кон навреди и зборуваше културно. Суперѕвездата на УФЦ смета дека нема губитници, туку само победници од оваа борба.

„Тоа беше одлична борба синоќа момци! Нема губитници, има само победници. По ѓаволите, уживав да го гледам австралискиот амбиент. Сега разбирам зошто има толку многу Ирци таму.

Морам да се вратам назад, старите титули се во прашање“, напиша Мек Грегор на својата страница на Твитер.

Еве статистика од пресметката на Махачев и Волкановски:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО