Тајсон Фјури: Ќе ги победам сите боксери на Јутјуб за една вечер

Тајсон Фјури верува дека може да ги победи сите Јутјуб боксери за една ноќ.

Во последниве години, многу јутјубери тргнаа по стапките на Логан и Џејк Пол кои станаа боксери. Најчесто јутјуберите добиваат лоши резултати. Многупати кога беше прашан за нив, Тајсон Фјури гледаше со презир кон Јутјуберите кои станаа боксери како Браќата Пол, КСИ и други.

„Ромскиот крал“ се радува на борба со Александар Усик или Френсис Нгану во неговата следна борба. Зборувајќи за Дејли стар спорт, Фјури се понуди да ги нападне сите боксери на Јутјуб и се закани дека ќе ги уништи сите во една ноќ.

„Да, би се борел со сите одеднаш. Не знам колку боксери има на Јутјуб. Но, да речеме дека ги има 50.

Она што ќе го направиме е да ги собереме сите 50. Ќе ги наредиме, па ќе им дадам по една рунда. Ќе се борам со сите во една ноќ. Зошто да не?

Секој од нив ќе направи по една рунда од пет минути и ќе види дали ќе издржи. Ова е начин да се справите со овие Јутјубери. Се ќе се случи за една ноќ!“, изјави Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО