Виталиј Кличко повторно е избран за градоначалник на Киев

vitali klicko-gradonacalnik

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Виталиј Кличко, повторно е избран за градоначалник на Киев.

Поранешениот 44 годишен боксер, кој е сојузник на прозападно ориентираниот претседател, Петро Порошенко, доби уверливи 66,5 отсто од гласовите во вториот круг на изборите.

Кличко го победи поранешниот член на ултранационалистичката паравоени групи Парви (десен) сектор, Борислав Береза.

Кличко прв пат стана градоначалник на главниот град на Украина во мај 2014 година.

Критичарите велат дека тој не успеа во плановите за обновување на застарената инфраструктура во градот.

„Ќе дадам се од себе за да ги исполнам очекувањата на граѓаните на Киев“, изјави Кличко по неговиот реизбор за градоначалник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО