Поранешниот кечер „Таз“: Мечот Русеј-Холм е наместен и Ронда учествуваше!

Taz

Холи Холм го шокираше светот кога ја нокаутира Ронда Русеј и да стана новиот шампионво бантам категорија. Но, поранешниот кечер Питер Сенерчи, познат како „Taz“, верува дека всушност борбата е наместена. Во својата радио емисија објасни дека Дана Вајт ја искористил старата деловна стратегија од кечерската индустрија.

„Taz“ смета дека на Русеј и требало одмор и дека УФЦ, за да не губи пари, додека ќе отсуствува таа, одлучил да прогласи нов шампион и да продолжи со работата:

„Зошто некои луѓе не го гледаат ова? Тоа во кечерската индустријата се прави со години. Актуелниот шампион и шампионка поради некоја причина, било да е пауза, повреда или нешто друго, тој треба да оди, затоа и ја одземате титулата. Не сакаат вашата шампионка да седи дома или да го снима филмот „Roudhouse 2“, или што и да работи, можеби само и треба личен одмор, кој го заслужи тоа. Но, не сакате шампионката половина година да ви седи дома, тоа е лошо за бизнисот и затоа и ја одземате титула!

Ако го погледне нокаутот, вистина е дека доби тежок удар и уште неколку пред крајот на битката. Ништо спектакуларно, но си го доби неколку пати. Но, ако го погледнете нокаутот, Русеј фрли недефиниран удар, не несмасен, но некако промаши и го сврте грбот на Холм. И како што таа полека се сврте, Холм ја закачи со лев „хај кик“, се струполи, а потоа уште три пати ја удри на подот. Судијата влетува, борбата е завршена, Холм е новиот шампион.

Јас сега ви кажувам, цела серија, се е наместено. И не сум сигурен кој се учествуваше, а кој не, но го знам ова, судијата веројатно не учествуваше. Можеби и е, не знам. Русеј учествуваше, но тоа е само мое мислење. Холм можеби и не е“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО