Викендов во Прилеп двојна џудо програма – Собрание и Државни првенства за кадети и ветерани

Претстојниот викенд Прилеп ќе се одржат годишното Собрание на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) и Државните првенства за кадети и ветерани во техничка организација на ЏК Сеишин-Прилеп и ЏК Санкаку.

На 13 април (сабота) с ќе се одржи редовното годишно Собрание на Џудо Федерацијата на Македонија со почеток во 12:00 часот во просториите на амфитеатарот од старата општинска зграда. Се очекува присуство на вкупно 50 делегати од 25 клубови.

Во недела во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ ќе се одржи Државно то првенство за кадети, односни ветерани.

За прв пат ќе се организира Државно првенство за ветерани, како дополнителна мотивација на помладите генерации да се занимаваат со оваа боречка вештина.

Програмата започнува во 10:45 часот со церемонијата на свечено отварање, а почетокот на борбите е во 11,00 часот.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО