Нуров ќе се бори за бронзата по поразот од Садулаев, Егоров во репасажот на Европското првенство (ВИДЕО)

Могамедгаџи Нуров (-97 кг) е поразен во полуфиналето на Европското првенство во борење слободен стил во Букурешт, Романија, од големиот фаворит Абдулрашид Салудаев од Русија.

Нуров загуби со технички туш, односно со 12-0. Во борбата за бронзата Нуров ќе се бори со победникот од мечот Нурмагомед Гаџиев од Азербејџан и Генади Чудиновиќ од Германија. Ова значи дека и за бронзениот медал нема да има лесна задача.

Владимир Егоров во репасажот се бори со Шпанецот Леван Вартанов и со победа ќе добие шанса да се бори за бронзениот медал, каде што го Андреј Дуков од Романија.

Резултати
-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Симоне Ијанатони (Италија) 11-0 (ТТ)
Могамедгаџи Нуров – Мураз Мчедлизе (Украина) 5-4
Полуфинале
Могамедгаџи Нуров – Абдулрашид Садулаев (Русија) 0-12 (ТТ)
За бронза
Могамедгаџи Нуров – Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан)/ Генади Чудиновиќ (Германија)

-57 кг
Владимир Егоров – Муслим Садулаев (Русија) 2-5
Репасаж
Владимир Егоров – Леван Вартанов (Шпанија)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО